Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада

По месеци политичка и економска криза и три месеци по оставката на премиерот Саад Харири, Либан доби технократска влада со дваесет министри под водство на Хасан Диаб.

Брисел, 22 јануари 2020 (МИА) – По месеци политичка и економска криза и три месеци по оставката на премиерот Саад Харири, Либан доби технократска влада со дваесет министри под водство на Хасан Диаб.

Премиерот вети дека ќе ги слушне барањата на либанските демонстранти кои бараат целосна трансформација на политичкиот систем во земјата и ја обвинува политичката елита за корупција и некомпетентност.

Сите назначени министри во новата влада се технократи, неповрзани за политичките партии. Премиерот вети дека владата ќе работи на борбата против корупцијата и за поголема независност на судството како и намалување на невработеноста.

Европската унија денеска го поздрави назначувањето на новата влада во Бејрут како “суштински чекор кон обезбедување дека земјата ќе се справи со бројните кризи“.

-Либанската влада мора брзо да се справи со огромните економски предизвици и да воведе структурни реформи кои ќе одговорат на потребите и очекувањата на либанскиот народ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.

ЕУ бара од владата да посвети посебно внимание на “најранливите групи“ во општеството и да се посвети на социјалните и економските реформи како и доброто владеење, отчетноста и борбата против корупцијата. тм/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close