0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Јетон Љужа екстрадиран и спроведен во земјава, потврди МВР

Јетон Љужа, осомничениот за убиството на Никола Саздовски, денеска е екстрадиран од Германија и достапен за органите на прогонот во земјава, соопшти МВР.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – Јетон Љужа, осомничениот за убиството на Никола Саздовски, денеска е екстрадиран од Германија и достапен за органите на прогонот во земјава, соопшти МВР.

За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.

-Денеска од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“. На 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди, наведува МВР.

Според Министерството, Секторот за меѓународна полициска соработка презеде соодветни мерки и активности за активна потрага по Љужа. По неговото лоцирање, биле разменети информации со германската полиција, по што е приведен.

-Потоа се преземени и соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија, дополнува МВР.

Изминатите 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек. мч/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close