0_Спорт.ПорталОстанато

Еспинос: Карате-светот обединет околу исти цели

Изминативе три дена беше организирана видеоконференцијата на претседателот на Светската карате-федерација (WKF), Антонио Еспинос, со претседателите на националните карате-федерации од целиот свет.

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Изминативе три дена беше организирана видеоконференцијата на претседателот на Светската карате-федерација (WKF), Антонио Еспинос, со претседателите на националните карате-федерации од целиот свет.

– Состаноците преку видеоконференција што ги имавме во текот на изминатите три дена беа многу плодни и многу помогнаа да нè соберат и уште повеќе да нè обединат во услови на глобалната криза. Имавме можност од прва рака да дознаеме за состојбата на нашиот спорт низ светот и сакам да им се заблагодарам на сите делегати кои присуствуваа на видеосостаноците, за нивната соработка, како и за нивните повратни информации. Можеме да потврдиме дека карате-светот е обединет околу истите вредности и цели. Кога работиме заедно, секогаш можеме да постигнеме уште повеќе успеси, истакна Еспинос.

Потребата од ваква комуникација се наметна во услови на глобална криза и откажување на сите натпреварувања во спортот предизвикани од пандемијата од коронавирусот, пред сè Олимписките игри во Токио кои се пролонгирани за 2021 година и сите настани на континентално и светско ниво.

На последниот од состаноците со членките на WKF од Европа учествуваа 24 национални федерации од европски земји, меѓу кои и Карате-федерацијата на Македонија.

Претстојниот календар на натпревари до крајот на тековната и за 2021 година ќе биде модифициран според условите и можностите за негова реализација. Во топ-приоритетите најважни се Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, потоа квалификациите за обезбедување норма за Токио, европското првенство во Гетеборг и Премиер лигата во Рабат следната година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close