Svet.SlajderСветСвет.Портал

Еспер забрани движење на американските војници во странство

Американскиот секретар за одбана Марк Еспер издаде наредба за забрана за движење на сите американски војници во странство во период од 60 дена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус во армиските редови

Вашингтон, 26 март 2020 (МИА) – Американскиот секретар за одбана Марк Еспер издаде наредба за забрана за движење на сите американски војници во странство во период од 60 дена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус во армиските редови.

Тој нагласи дека наредбата се однесува на сите американски сили, цивилниот персонал и нивните семејства.

Еспер истакна дека ќе има исклучоци, како на пример, ќе продолжи повлекувањето на американските војници од Авганистан.

Претходно, поради Ковид-19 и Франција најави повлекување на своите војници од Ирак. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close