СветСвет.Портал

Еспер: Иран можеби планира нови напади врз интереси на САД

Иран или силите што ги поддржува може да планираат нови напади врз американските интереси на Блискиот исток, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Вашингтон, 2 јануари 2020 (МИА) – Иран или силите што ги поддржува може да планираат нови напади врз американските интереси на Блискиот исток, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Без да прецизира детали, Еспер им рече на новинарите во Пентагон дека Соединетите Американски Држави имаат „индикации“ дека може да има нови ирански провокации.

– Ато се случи тоа, американската држава ќе преземе превентивни мерки, доколку има доволно предупредување, рече Еспер. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close