Svet.SlajderСветСвет.Портал

Еспер: Американската армија пренасочува внимание кон Русија и кон Кина

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер нагласи дека планира да го сврти вниманието на американската војска кон конкуренцијата со Русија и со Кина, и покрај безбедносните закани на Блискиот исток.

Вашингтон, 8 декември 2019 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер  нагласи дека планира да го сврти вниманието на американската војска кон конкуренцијата со Русија и со Кина, и покрај безбедносните закани на Блискиот исток.

Еспер ги истакна своите стратешки цели и приоритети во говор на Националниот форум за одбрана „Роналд Реган“, на кој секоја година се среќаваат армиски лица, претставници на владата и на одбранбената индустрија.

Министерот Еспер, кој ја презеде функцијата во јули, ќе се придржува кон одбранбените приоритети поставени од неговиот претходник, Џим Матис, кој исто така присуствуваше на говорот.

Матис поднесе оставка пред една година во знак на протест против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија. Оттогаш, Блискиот исток стана уште понестабилен. Поради загриженоста во врска со иранските акции, најмалку 14.000 американски војници се распоредени во регионот на Заливот од мај.

Сирија може да се смета за покомплициран проблем за Вашингтон, а Ирак се соочува со граѓански протести.

Нападот во петокот врз американската поморска база во Пенсакола може да ги комплицира воените врски меѓу САД и Саудијците, иако Еспер во петокот рече дека односите меѓу двете земји остануваат стабилни. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close