СветСвет.Портал

Еспер ја смени одлуката: Војската останува во Вашингтон

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја поништи претходната одлука на Пентагон да се вратат дома неколку стотици војници од Вашингтон, во момент на зголемени тензии со Белата куќа околу воениот одговор на протестите.

Вашингтон, 4 јуни 2020 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја поништи претходната одлука на Пентагон да се вратат дома неколку стотици војници од Вашингтон, во момент на зголемени тензии со Белата куќа околу воениот одговор на протестите.

Воениот секретар Рајан Мекарти изјави дека добил известување за наредбата на Пентагон околу 200 припадници на 82-та воздухопловна единица за брзо реагирање да се вратат дома, а неколку часа подоцна бил информиран дека Еспер ја сменил таа одлука.

Мекарти истакна дека дознал за промената на одлуката по состанокот на Еспер во Белата куќа и по разговорите кои ги имал во Пентагон. Не е познато дали Еспер се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп.

Воениот секретар верува дека Еспер ја сменил својата одлука со цел да гарантира дека постои доволно голема воена поддршка во случај да избијат какви било проблеми за време на протестите.

Одлуката војниците да останат на своите позиции следува откако раководството на Пентагон продолжува да инсистира дека не треба да се употребува сила за спречување на протестите.

Околу 1.300 војници на активните воени сили се испратени во Вашингтон на почетокот на оваа недела, бидејќи протестите кои се одржуваат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, прераснаа во насилство. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close