Дописници МКДОпштество

 „Еснафи-ПАЈ“ ќе реализира четири проекти во Куршумлија за лансирање македонски производи поврзани со пчеларство  и стручни обуки на проект менаџери 

Македонскиот Кластер Здужение ЗГ „Еснафи-Пај“ ќе реализира четири проекти во Куршумлија, Србија.  Три од проектите ќе бидат за лансирање на традиционални македонски групи на   производи поврзани со пчелни производи  со нов дизајн, а четвртиот за стручно оспособување на проект менаџери за пишување проекти и за имплементација за европски и други фондови за  кои веќе е во тек пријавувањето и ќе стартува во април годинава, информира за МИА Љубомир Ракиџиев,претседател на овој конзорциум.

Велес, 19 февруари 2021 (МИА) –  Македонскиот Кластер Здужение ЗГ „Еснафи-Пај“ ќе реализира четири проекти во Куршумлија, Србија.  Три од проектите ќе бидат за лансирање на традиционални македонски групи на  производи поврзани со пчелни производи  со нов дизајн, а четвртиот за стручно оспособување на проект менаџери за пишување проекти и за имплементација за европски и други фондови за  кои веќе е во тек пријавувањето и ќе стартува во април годинава, информира за МИА Љубомир Ракиџиев, претседател на овој конзорциум.

Во него  членуваат 13 македонски фирми, а конзорциумот е составен од десет најреномирани универзитети од земјава и  Србија меѓу кои е УКИМ и Белградскиот универзитет. Учествуваат и 50 фирми, локални самоуправи и агенции од  Северна Македонија и Србија. Нивна двочлена делегација вчера остварила работна средба со градоначалникот на Куршумлија Радољуб Видич, за реализација на овие проекти во рамки на регионалната иницијатива Договор „Мал Шенген“.

Ракиџиев информира дека во рамките на првата група на производи кои ќе се произведуваат во Куршумлија од крајот на мај и почетокот на јуни годинава  и ќе се пласираат во туристичките центри во Србија, производите  се медни тинктури изработени од врвен македонски мед, а  се наменети за врвни спортисти. Во втората група која е Туристичка програма се десет познати Медалхо-пропимед производи, а во третата група од сериското производство се 35 нови производи со три нови технолошки постапки се и 15 нови дизајни на амбалажа од керамика за пакување на пчелни производи.

 -Изработката е во керамика според традиции на велешките грнчари меѓу кои е и познатиот Рацин, а сега се изработени во некои нови форми и дизајни. Инаку тинктурите се врвни и се истражувани на Технолошкиот факултет во Белград и во Скопје во 2017 година, појасни Ракиџиев.

Тој информира  дека истражувањето со  креирање и иновирањето на нови производи поврзани со пчелни производи  трае веќе десетина  години, а договорот за најновата соработка бил склучен на минатогодишниот Туристички саем во Белград.

Ракиџиев рече дека двочлена делегација на Кластерот ЗГ „Еснафи-ПАЈ“ вчера  остварила  службена средба во општина Куршумлија на која се разговарало  за овие  проекти и притоа се договорија за взаемна соработка во рамките на регионалната иницијатива – Договор „Мал Шенген“.

Според Меморандумот со писмо за намери двете страни склучиле договор да се започне реализацијата на оваа мини – програма на Конзорциумот за економски развој.
 

о рамки на програмата  очекуваме  да се забрза развојот на пчеларството, овоштарството, керамиката и  иновациите  како и стручното оспособување на проект менаџери со 100 до 150 вработувања за 2021/2022 година. Во рамки на тоа ќе се организира сериско производство на 30 до 35 нови производи со три нови технолошки постапки и 15  нови дизајни на амбалажа од керамика за пакување на пчелни производи, додаде Ракиџиев. ад/ки/

 

Back to top button
Close
Close