0_Магазин.ПорталСцена

Џесика Честејн и Еди Редмејн во нов трилер на Нетфликс

Проектот ќе чини 25 милиони долари.

Лос Анџелес, 24 февруари 2020 (МИА) – Џесика Честејн и оскаровецот Еди Редмејн ќе ги глумат главните улоги во новиот филм на Нетфликс. Проектот со наслов „Добрата медицинска сестра“ (The Good Nurse), ќе чини 25 милиони долари.

Сценариото е на Кристи Вилсон-Каринс и Тобајас Линдхолм, а е засновано на книгата на Чарлс Гребер со истиот наслов.

Снимањето допрва треба да почне, а датумот на прикажување сè уште не се соопштува. си/

Таг
Back to top button
Close
Close