Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕС ќе го разгледува прашањето за буџетот на ЕУ до 2027 година

Шефовите на држави или влади на Европската унија се состануваат денеска во Брисел на разговори околу предлогот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за заедничкиот буџет до 2027 година.

Брисел, 20 февруари 2020 (МИА) – Шефовите на држави или влади на Европската унија се состануваат денеска во Брисел на разговори околу предлогот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за заедничкиот буџет до 2027 година.

Минатата недела Мишел предложи буџет со кој се намалуваат дел од тековните трошења.

Намалувањето на средствата е поврзано со повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, што доведува до недостаток од 75 милијарди евра во текот на следните седум години.

Мишел предложи да се надмине буџетскиот јаз со воведување нови даноци за европските граѓани.

Според Европската комисија, предлогот на Мишел е „добра почетна точка“.

За Европскиот парламент, предлогот е „незадоволителен“, „разочарувачки“ и „неприфатлив“.

Мишел предлага да се зголемат расходите за дигитализација, безбедност и одбрана, гранична заштита и европски претставници. Се предлага да се ограничат фондовите за земјоделство, особено за рурален развој и директни плаќања на земјоделците, како и предпретпристапните фондови. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close