СветСвет.Портал

Ерупција на вулкан на островот Јава

Утрово еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава.

Џакарта, 3 март 2020 (МИА) – Утрово еруптираше вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава.

Над градот Столо се надви столб од чад и пепел висок околу шест километри, поради што е затворен аеродромот на овој густо населен остров.

Мерапи е меѓу најактивните вулкани во Индонезија, а во серијата ерупции во 2010 година животот го загубија 350 луѓе.

Локалниот центар за геолошки катастрофи, технолошки истражувања и развој соопшти дека ерупцијата траела речиси осум минути и најверојатно ќе се повтори поради континуираното движење на магмата.

Планината Мерапи на Јава е популарна туристичка дестинација. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close