Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ерупција на малиот вулкан Таал на Филипините, по неколку децении мирување

Вулканот Таал на Филипините денеска еруптира по децении мирување. Големото количество пареа и пепел се кренаа на околу сто метри во воздухот.

Манила, 12 јкануари 2020 (МИА)  – Вулканот Таал на Филипините денеска еруптира по децении мирување. Големото количество пареа и пепел се кренаа на околу сто метри во воздухот.

Зголемувањето на вулканската активност ги натера локалните власти за само еден час двојно да го зголемат нивото на тревога, пренесе „Дарик њуз”.

И покрај тоа што вулканот немал ерупција од 1977 година, таму во последните неколку години се регистрираше зголемена сеизмичка активност.

Таал се наоѓа на најголемиот остров во Филипините, Лузон, на околу 50 километри јужно од престолнината Манила. сд/

Back to top button
Close
Close