0_Магазин.ПорталСемејство

Ќерка го тужела татко си оти ѝ удрил шлаканица, и изгубила

Тужбата против таткото била поднесена поради „телесна повреда на послабо лице“. Според изворот, меѓу таткото и ќерката имало расправија што завршила со шлаканица врз ќерката.

Солун, 9 јануари 2020 (МИА) – Маж е прогласен за невин од суд на грчкиот остров Родос откако неговата ќерка тинејџерка го тужела затоа што ѝ удрил шлаканица, објави весникот „Родиаки“.

Тужбата против таткото била поднесена поради „телесна повреда на послабо лице“. Според изворот, меѓу таткото и ќерката имало расправија што завршила со шлаканица врз ќерката.

Судот вчера ги прифатил објаснувањата на одбраната која истакнала дека ударот бил во рамки на воспитно дејствување дозволено со закон.

Судскиот состав потоа го поништил обвинението против таткото и го прогласил за невин. си/

Таг
Back to top button
Close
Close