СветСвет.Портал

Ерекат: Во Израел победија анексијата и апартхејдот

Близок помошник на палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот го критикуваше исходот од парламентарните избори во Израел каде според првичните резултати победи партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но не освои мнозинство.

Рамала, 3 март 2020 (МИА) – Близок помошник на палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот го критикуваше исходот од парламентарните избори во Израел каде според првичните резултати победи партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но не освои мнозинство.

Според генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саеб Ерекат, победила „анексијата на делови од окупираниот Западен Брег“.

– Населувањето, анексијата и апартхејдот победија, изјави Ерекат.

– Нетанјаху одлучи дека продолжувањето на окупацијата и конфликтот е она што му носи напредок и просперитет на Израел, па затоа тој избра да ги постави темелите и столбовите на конфликтот и кругот на насилство, екстремизам, хаос и крвопролевање, напиша тој на Твитер. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close