БалканБалкан.Портал

Ердоган: Во Либија има сириски милитанти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган првпат го призна присуството на протурските сириски милитанти во Либија, каде ги поддржува силите од меѓународно признатата влада во Триполи.

Анкара, 21 февруари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган првпат го призна присуството на протурските сириски милитанти во Либија, каде ги поддржува силите од меѓународно признатата влада во Триполи, пренесува Анса.

Ердоган рече дека „на терен има припадници на Сириската народна армија“.

Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да ја напушти земјата и го прашал „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 лица кои го поддржуваат Хафтар“.

Ердоган повтори дека Хафтар нема легитимитет за Турција. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close