БалканБалкан.Портал

Ердоган: Турција ќе произведува свои борбени авиони

Турција ќе започне со производство на свои борбени авиони во 2023 година, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Анкара, 5 февруари 2020 (МИА) – Турција ќе започне со производство на свои борбени авиони во 2023 година, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

– Почетокот на производство на сопствени воени авиони е планиран за 2023 година и ќе биде најдобриот одговор на оние кои не сакаат да го испорачаат Ф-35 на Турција, рече Ердоган за време на отворањето на комплексот за уништување муниција во Кирккале.

Испораката на руски ракетни системи Ц-400 во 2019 година предизвика сериозна криза во односите меѓу Турција и САД.

Според Ердоган, Ц-400 ќе биде целосно во функција во април годинава.

Вашингтон ја повика Анкара да го напушти договорот со руските системи и да ги купи американските „Патриот“, истовремено заканувајќи се дека ќе ја откаже продажбата на новите борбени авиони Ф-35 и да воведе санкции за Турција. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close