БалканБалкан.Портал

Ердоган: Со медиумите не е возможна демократија

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека со медиумите не е возможна демократија.

 

Анкара, 3 октомври 2018 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека со медиумите не е возможна демократија.

Како што објави „Хуриет дејли њуз“ тој истакна дека при неговите неодамнешни патувања во САД и во Германија увидел дека дури и најсилните држави денес се управувани од медиумите.

– Видов дека големите земји се управувани од медиумите, а не од нивните лидери. Бидејќи кога разговарав со нив, тие ми кажуваа: Нашите медиуми го кажуваат тоа, нашите медиуми пишуваат за тоа. А, јас им одговорив: Едноставно заборавете ги медиумите, кажете ми што вели вашиот народ, изјави Ердоган во Анкара по повод почетокот на новата академска година.

Тој додаде дека во минатото и со Турција владееле медиумите, но оти сега „Владата е самиот народ“.

– Тоа што за нас е важно е како нашиот народ не оценува. Демократијата ја црпи својата сила од народот. Има демократиија, ако има народ. Со медиумите не е возможна демократија, посочи Ердоган.

Ердоган наведе и дека „во западните медиуми има погрешни информации за Турција“ и поради тоа побара од турските академици да ја поддржат Владата во „кампањата против дезинформациите“. ми/19:24

###

Таг
Back to top button
Close
Close