Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Ердоган со декрет наложи претворање на музејот Карије во џамија

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган издаде денеска декрет, со кој во петокот, претворајќи го историскиот музеј  Карије во Истанбул, поранешна православна црква, во џамија, јави ДПА.

Анкара, 21 август 2020 (МИА) – Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган издаде денеска декрет, со кој во петокот, претворајќи го историскиот музеј  Карије во Истанбул, поранешна православна црква, во џамија, јави ДПА.

Овој потег следува по минатомесечната одлука, со која музејот Свети Софија ја направи џамија, што наиде на критики од меѓународната јавност.

.Промената на статусот на Карије беше донесена во декември 2019 година, но одлуката на Државниот совет на Турција не беше спроведена досега..

Музејот Карије, поранешна православна црква која во текот на својата историја била претворена во џамија, па музеј, се смета за едно од највосхитувачките примери на византиската уметност и архитектура, со сочувани мозаици и фрески. Христијанскиот храм бил изграден во текот на петиот век, бил претворен во џамија во 1453 година, а од 1948 година е претворена во музеј. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close