БалканБалкан.Портал

Ердоган: Сега и земјите од ЕУ ќе прифатат дел од товарот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да ги затвори границите со државите од ЕУ за сириските бегалци.

Истанбул, 2 март 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да ги затвори границите со државите од ЕУ за сириските бегалци.

– Откако ја отворивме границата почнаа телефонски повици со барање да ја затвориме. Сега и ЕУ ќе носи дел од товарот, истакна Ердоган во Анкара.

Тој изрази надеж дека в четврток на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде договорено примирје во сирискиот регион Идлиб. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close