Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус

Анкара, 11 март 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус.

– Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, наведе Ердоган.

Тој додаде дека во Турција се преземени сите превентивни мерки за справување со Ковид-19.

Претходно, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека е потврден заболен од новиот коронавирус е потврден во Турција.

Пациентот се вратил од Европа и е во изолација додека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close