Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Ердоган: Не очекувам Хафтар да го почитува примирјето

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека не може да се очекува командантот на Либиската национална војска Калифа Хафтар да го почитува прекинот на огнот меѓу неговите сили и провладините трупи во Либија.

Анкара, 26 јануари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека не може да се очекува командантот на Либиската национална војска Калифа Хафтар да го почитува прекинот на огнот меѓу неговите сили и провладините трупи во Либија.

– Не може да се очекува милост и разбирање од некој како Хафтар кога станува збор за примирје, рече Ердоган, коментирајќи ги новите прекршувања на примирјето.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на Либија, со седиште во Триполи, и повеќе пати ги оквалификува Хафтар и неговите сили како нелегитимни. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close