БалканБалкан.Портал

Ердоган и Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Либија и Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп се осврнаа на ситуацијата во Либија и Сирија, како и за борбата против коронавирусот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

Анкара, 23 мај 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп се осврнаа на ситуацијата во Либија и Сирија, како и за борбата против коронавирусот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

– Денеска имаше телефонски разговор меѓу нашиот претседател и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тие разговараа за меѓусебните односи, како и ситуацијата во регионот, посебно во Либија и Сирија. Потврдено е дека двете земји се обединети во борбата против епидемијата на Ковид-19, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Двајцата лидери, исто така, се согласиле да „поддржат тесна политичка и воена соработка со цел воспоставување мир и стабилност во регионот“. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close