0_Web_АктуелноБалканБалкан.Портал

Ердоган: ЕУ да ја поддржи Турција за Сирија ако сака да ја реши мигрантската криза

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија треба да ги поддржи иницијативите на Турција за решавање конфликтот во Сирија, доколку сака да стави крај на мигрантската криза.

Анкара, 4 март 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија треба да ги поддржи иницијативите на Турција за решавање конфликтот во Сирија, доколку сака да стави крај на мигрантската криза.

– Ако европските земји сакаат да го решат проблемот, тогаш треба да ги поддржат турските политички и хуманитарните решенија во Сирија, ја пренесува агенцијата Бета изјавата на Ердоган.

Тој ја даде оваа изјава во време кога нов бран мигранти се обидува да стигне од Европа бидејќи Анкара ги отвори границите кон Грција, потсетува агенцијата.

Турската агенција Анадолија, пак, јави дека Ердоган се обратил на состанок на парламентарната група на АК Паријата и ги повикал сите земји членки на ЕУ, пред сè Грција, да дејствуваат во согласност со Универзалната декларација за човекови права.

– Гркот кој се обидува на секој начин да ги спречи мигрантите да влезат во неговата земја, од давење во море, до убивање со куршуми, да не заборави дека еден ден можеби таа милост ќе му биде потребна и нему, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

– Тие што велат „Што бара Турција во Сирија“ никогаш не го поставиле прашањето што бараат таму Русија, САД, Иран и европските земји. Во нивните очи борбата на нашата земја нема никаква вредност. Нивната единствена цел е да обезбедат политички поени и да изгледаат симпатични пред империјалистите за да им се обезбеди нивниот пат, рече Ердоган.

Според Анадолија, Ердоган нагласи и дека „човек кој не знае, не разбира или не чувствува што значи татковината и каде се неговите граници, тоа веќе не е незнаење, туку предавство“.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас денеска демантираше дека имало повреден и убиен мигрант на границата.

– Не постои инцидент со пукање од грчките власти, рече Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close