БалканБалкан.Портал

Ердоган: 400.000 Сиријци од Идлиб се движат кон Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешната прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека околу 400.000 луѓе од северозападната сириска провинција Идлиб се движат кон турската граница поради обновените напади од сириските владини сили.

Истанбул, 24 јануари 2020 (МИА)- Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешната прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека околу 400.000 луѓе од северозападната сириска провинција Идлиб се движат кон турската граница поради обновените напади од сириските владини сили.

Турски хуманитарни групи почнаа со изградба на повеќе од 10.000 куќи во Идлиб за да го засолнат растечкиот број лица раселени од борбите, додека Турција се обидува да спречи нов бран мигранти преку нејзината граница.

Ердоган рече дека Меркел му нагласила оти Германија може да обезбеди одредена поддршка за тие планови. ез/зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close