0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Епл гради две големи парк-ветерници во Данска

Епл објави дека ветерницините високи 200 метри треба да произведуваат енергија од 62 гигават-часови секоја година, што е доволно за снабдување на речиси 20.000 домови. Овие ветерни електрани ќе служат и како експериментално поле за ветерни турбини во иднина.

Виборг, 7 септември 2020 (МИА) – Епл има намера да изгради две парк-ветерници во местото Есбјерг, во Данска, и тоа ќе бидат најголемите два такви комплекса во светот. Целта е инвестирање во обновлива енергија.

Епл соопшти дека ветерниците високи 200 метри треба да произведуваат енергија од 62 гигават-часови секоја година, што е доволно за снабдување на речиси 20.000 домови. Овие ветерни електрани ќе служат и како експериментално поле за ветерни турбини во иднина.

Електричната енергија, која ќе се произведува во Есбјерг, е наменета за центарот за податоци на Епл во Виборг во северозападна Данска. Со помош на тој центар, ќе функционираат „Еп-стор“, „Епл мјузик“, „Ај-месеџ“, „Сири“ и други услуги во Европа.

Епл минатиот месец објави дека сака да стане компанија што не користи енергија од јаглен во работата на своите центри, до 2030 година. Вложувањето во ветерни турбини треба да ѝ помогне на фирмата во тоа.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close