0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Епл есенва претставува четири нови смартфони

Двата модела „Про“ ќе бидат надградени со 3-Д ЛИДАР системот, три камери на задната страна и голем екран.

Лос Анџелес, 14 април 2020 (МИА) – Американската корпорација Епл планира наесен да претстави четири нови паметни телефони со 5-Г технологија и да го осовремени дизајнот на моделите Про.

Според извори упатени во проблематиката, компанијата може да пушти само два топ-модела по претходно претставените „Ајфон 11 Про“ и „Ајфон 11 Про макс“. Дизајнот ќе биде сличен на „Ајпад Про“ од 2018 година, со малку позаоблени агли. Се очекува да бидат претставени и два нискобуџетни модела, кои ќе го заменат „Ајфон 11“.

Двата модела „Про“ ќе бидат надградени со 3-Д ЛИДАР системот, три камери на задната страна и голем екран.

Претставувањето на новите модели може да се случи неколку седмици подоцна од очекуваното.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close