0_Спорт.ПорталОстанато

ЕП во ватерполо: Шпанија прв финалист

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Шпанците во полуфиналето ја совладаа Хрватска со 9:8 (по четвртини: 0:1, 4:3, 2:2, 3:2).

Будимпешта, 24 јануари 2020 (МИА) – Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Шпанците во полуфиналето ја совладаа Хрватска со 9:8 (по четвртини: 0:1, 4:3, 2:2, 3:2).

Решавачкиот гол го даде Мунарис на 30-тина секунди до крајот на средбата за водство на „фуријата“ со 9:7. Хрватите до крајот успеаја да го ублажат поразот, но не и да израмнат.

Мунарис со три гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, лидер меѓу поразените беше Букиќ со два погодоци.

Противник на Шпанија во големото финале ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Унгарија и Црна Гора што почнува во 19 часот. сѓд/гт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close