0_Спорт.ПорталРакомет

ЕП во ракомет: Словенија на прагот на полуфинале

Португалците кои се хит на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, сепак, нема да играат полуфинале. Во тоа ги спречи Словенија која го доби меѓусебниот дуел со 29:24 и остана во игра за влез во големата четворка.

Малме, 21 јануари 2020 (МИА) – Португалците кои се хит на Европското ракометно првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, сепак, нема да играат полуфинале. Во тоа ги спречи Словенија која го доби меѓусебниот дуел со 29:24 и остана во игра за влез во големата четворка.

Блаж Јанц со седум гола беше најефикасен ракометар на „змајчеки“, по шест додадоа Доленц и Мацковшек. Најмногу погодоци (6) за Португалија, која никој не ја очекуваше во вториот круг на ЕП, реализира Гомеш, но сам не множеше против расположените Словенци.

Расплетот во групата И ќе зависи од исходот на мечевите во последното коло во кое Словенија ќе игра со Норвешка, а Унгарија, покрај денешниот дуел со Норвежаните кои во петтото коло ќе играат и против Шведска. сѓд/ссм/

Back to top button
Close
Close