0_Спорт.ПорталРакомет

ЕП во ракомет: Шпанија ја „распарчи“ Белорусија

Шпанија ја оправда фаворитската улога во мечот против Белорусија на Европското ракометно првенство и славеше со 37:28 (полувреме: 17:16).  Белорусите се држеа во првиот дел, но нивната игра тотално се распадна во продолжението, па „фуријата“ без проблеми ја впиша шестата победа во низа на турнирот. 

Виена, 20 јануари 2020 (МИА) – Шпанија ја оправда фаворитската улога во мечот против Белорусија на Европското ракометно првенство и славеше со 37:28 (полувреме: 17:16).
Белорусите се држеа во првиот дел, но нивната игра тотално се распадна во продолжението, па „фуријата“ без проблеми ја впиша шестата победа во низа на турнирот.
Анхел Фернандез Перез и Феран Соле постигнаа по седум гола за шпанскиот тим, прв стрелец во натпреварот беше Белорусинот Микита Ваилупау со осум погодоци.
Шпанија и Хрватска имаат максимален ефект во групата и во меѓусебен дуел во среда попладне ќе решаваат која селекција ќе патува како првопласирана во полуфиналето. сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close