0_Спорт.ПорталРакометСпорт

ЕП во ракомет: Норвежаните имаат премија од 18.000 евра за титула

Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија.

Осло, 24 јануари 2020 (МИА) – Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија.
Со самиот пласман во полуфиналето, репрезентативците добија 3.000 евра, колку ќе добијат и во случај на триумф над Хрватска вечерва во Стокхолм.
Како финалисти, Норвежаните ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка.
Ако, пак, успеат да слават и во финалето в недела, тогаш ќе обезбедат и олимписка виза за ОИ во Токио ова лето, плус 12.000 евра како награда.
Првото полуфинале на ЕП 2020 меѓу Норвешка и Хрватска е од 18 часот, во второто, од 20.30 часот, ќе играат Шпанија и Словенија. сѓд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close