0_Спорт.ПорталРакомет

ЕП во ракомет: Лазаров ја заврши првата фаза како четврти стрелец

Кире Лазаров ја заврши првата фаза на 14. Европско првенство во ракомет како четврти стрелец. Капитенот на македонската репрезентација во трите одиграни меча постигна вкупно 22 гола. 

Виена, 15 јануари 2020 (МИА) – Кире Лазаров ја заврши првата фаза на 14. Европско првенство во ракомет како четврти стрелец. Капитенот на македонската репрезентација во трите одиграни меча постигна вкупно 22 гола.

Украинската мрежа ја „тресеше“ осум пати, против Чешка реализира 11 гола и три против Австрија во последното коло.

Прв стрелец на шампионатот засега е Австриецот Микола Билик со 28 погодоци, а меѓу него и Лазаров се Норвежанецот Сандер Сагосен и Швајцарецот Енди Шмит кои дадоа по 27. сѓд/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close