0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Енрике: Ќе навивам за Италија во финалето на ЕВРО, ако вечер заслужено ја победи Шпанија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, зборуваше за натпреварот со Италија во полуфиналето на ЕВРО 2020.

Лондон, 6 јули 2021 (МИА) – Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, зборуваше за натпреварот со Италија во полуфиналето на ЕВРО 2020.

– Ја напуштив Рома по своја волја. Клубот сакаше да останам. Ова е моја одлука, затоа не размислувам за одмазда. Навистина ми се допаѓа Италија, со задоволство ја посетувам. Одлично е да се игра против нејзиниот тим. Ќе се сретнеме повторно во октомври во Лигата на нациите, и тоа секогаш ме радува. Ако победиме вечер, тоа ќе биде одлично. Но, ако Италија го стори тоа заслужено, тогаш јас ќе навивам за нив во финалето, изјави Енрике.

Натпреварот Италија – Шпанија ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот на „Вембли“ во Лондон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close