0_Спорт.ПорталОстанато

Ендуро Тим Водно организира кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи

МК Ендуро Тим Водно и „OffRoadExperience“ во соработка со најдобриот македонски мотокрос возач Христијан Илиовски ќе организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи.

Скопје, 22 април 2021 (МИА) – МК Ендуро Тим Водно и „OffRoadExperience“ во соработка со најдобриот македонски мотокрос возач Христијан Илиовски ќе организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи.

– Обуките ќе се одржуваат во лимитирана група на различни мотокрос патеки низ нашата држава, а потенцијалните возачи ке можат да ја усовршат својата техника со сопствен мотор и опрема (ќе постои и опција за изнајмување на мотор и опрема). Сведоци сме дека „Off Road“ дисциплината во мотоциклизмот има се поголема заинтересираност кај љубителите на октаните, а исто така и МХ натпреварувањето. Самата бројка од околу 50 возачи на последната МХ трка која се возеше во Скопје говори за тоа. Затоа се одлучивме на овој потег, да направиме МХ Академија каде што ќе можат сите возачи да си ги подобрат своите вештини, учејќи од најдобриот и најтрофејниот возач на Балканот и еден од најдобрите европски возачи Христијан Илиовски, информираат од клубот Ендуро.

Првиот тренинг на МХ Академијата е закажан за 16 мај 2021, на добро познатата патека „Орман“ во Скопје. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close