Јордан привремено го затвора воздушниот простор по израелските напади врз Иран
- Јордан привремено го затвора својот воздушен простор како превентивна мерка, по израелските напади врз Иран.

Аман, 13 јуни 2025 (МИА) - Јордан привремено го затвора својот воздушен простор како превентивна мерка, по израелските напади врз Иран.
„Оваа превентивна мерка е преземена поради воената ескалација во регионот“, соопшти Комисијата за регулирање на цивилното воздухопловство на Јордан, пренесе Cи-Ен-Ен.
Главниот комесар на Комисијата, Хајтам Мисто рече дека одлуката е во согласност со меѓународните стандарди за цивилно воздухопловство и обврските за безбедност на летање, и дека привременото затворање континуирано ќе се проценува и преиспитува. рп/
Фото: МИА архива