• Saturday, 31 August 2024

Челзи со официјална понуда за Санчо неколку часа пред затворањето на прозорецот

Челзи со официјална понуда за Санчо неколку часа пред затворањето на прозорецот

Лондон, 30 август 2024 (МИА) - Челси доставиле официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Џејден Санчо, информира италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо.

Понудата е за позајмица со опција за купување, со првични услови слични на оние кои ги нуди Јувентус, но целокупниот пакет за крилниот напаѓач е финансиски посериозен. Самиот фудбалер е отворен за можноста да се пресели во Челси. „Старата дама“ се повлече од разговорите со „црвените ѓаволи“ и нема да се врати доколку не се намали цената.

Оваа информација од Романо доаѓа само еден час откако менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека Санчо ќе остане на „Олд Трафорд“ и ќе се смета на него. Крилниот напаѓач не беше вклучен во составот за првите два натпревари во Премиер лигата. В недела „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Ливерпул во 17 часот по македонско време. дс

Фото: Фејсбук/Манчестер Јунајтед