• Thursday, 29 August 2024

ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива во Курск за да ја врати територијата

ЦИА: Извесно е дека Путин планира контраофанзива во Курск за да ја врати територијата

Вашингтон, 28 август 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата во регионот Курск заземена од украинската војска, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.

- Можеме да бидеме сигурни дека Путин ќе почне контраофанзива за да се обиде да ја врати таа територија. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде тешка борба за Русите, рече Коен на конференција, пренесува Бета повикувајќи се на Радио Слободна Европа.

Додека Киев нагласи дека нема намера да ја анектира областа што ја зазеде, украинската војска гради одбранбени линии и се чини дека имаат намера да задржат „дел од таа територија некое време“, рече Коен на конференција во Мериленд.

Украина тврдеше дека освоила 100 населени места за време на офанзивата во областа Курск, додека руските сили продолжуваат да напредуваат во украинскиот регион Доњецк. јт/

 

You May Also Like