• Thursday, 26 September 2024

Халеви: Израел изведува нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан

Халеви: Израел изведува нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан

Тел Авив, 24 септември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изведуваат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан.

Претходно денеска, два брана напади беа изведени врз јужен Либан и долината Бека, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Началникот на Генералштабот на израелската војска, генерал-потполковник Херзи Халеви, по утринската проценка изјави дека на Хезболах нема да му се даде „да земе здив“ и дека армијата ќе ги засили своите акции против оваа терористичка група во Либан.

- Хезболах не смее да добие пауза. Мораме да продолжиме да делуваме со сета сила, нагласи тој. Халеви додаде дека ИДФ ќе ги засили офанзивните операции.

- Ситуацијата бара продолжување на интензивната акција на сите фронтови, рече Халеви.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека, според новиот биланс, во израелските напади врз Либан денеска и вчера се убиени 558 лица, од кои 50 деца и 94 жени, а 1.835 лица се ранети. ссм/

фото: архива