• Saturday, 31 August 2024

Тајфунот Шаншан ја погоди источна Јапонија, најмалку шест загинати и стотина повредени

Тајфунот Шаншан ја погоди источна Јапонија, најмалку шест загинати и стотина повредени

Токио, 31 август 2024 (МИА) - Најмалку шест лица го загубија животот, а стотина се поврдени во невремето предизвикано од тајфунот Шаншан што ја зафати денеска источна Јапонија, соопшти јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.

Повеќе од 35.000 домови се без струја во јужната префектура Кагошима.

Властите издадоа предупредувања за можни поплави и лизгање на земјиште низ целата земја, запрени се воздушниот и железничкиот сообраќај, а голем број фабрики ја прекинаа работата.

Се прогнозира дека невремето ќе ослабне до крајот на викендот, но се очекува да продолжат поројните дождови.са/

Фото: ЕПА