• Wednesday, 28 August 2024

Стипендии за ученици спортисти во општина Карпош

Стипендии за ученици спортисти во општина Карпош

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - И во учебната 2024-2025 година, Општина Карпош ќе доделува осуммесечни стипендии во висина од 3.000 и 3.500 денари, за најталентираните основци - спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение, во училиштата на нејзина територија, информираат денеска од локалната самоуправа. 

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 6 септември.

Повеќе детали за условите што треба да се исполнат со цел да се добие стипендија, може да се видат тука.

Документите на кандидатите што не се комплетни и ненавремено доставени, како што се посочува, нема да бидат разгледувани. бд/аа/

Фото: Општина Карпош