• Friday, 30 August 2024

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - ЈСП денеска информира дека учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, додаваат од ЈСП, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.

-Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, се вели во денешното соопштение од Град Скопје. 

Притоа, се додава во него, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.

Од ЈСП потсетуваат дека средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии. сст/са/

фото МИА архива