• Saturday, 21 September 2024

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд

Сончево со мала до умерена облачност,  попладне во западните делови услови за локален дожд

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.

Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи. цр/лв/

Фото: МИА архива