• Wednesday, 28 August 2024

Собрани 86 крвни единици во крводарителска акција во Велес

Собрани 86 крвни единици во крводарителска акција во Велес

Велес, 26 август 2024(МИА) - Собрани се 86 крвни единици во 32-та летна традиционална акција за дарување крв, што вчера и денеска се реализира во „Европската куќа“ во Велес. Акцијата е во организација на велешкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Од велешкиот Црвен крст се заблагодарија на крводарителите кои ја покажале нивната хуманост на дело. Четири лица првпат дарувале крв во рамки на оваа акција.

Собраните единици крв ќе бидат распределени според потребите на болниците низ државава. ад/бд/

Фото: МИА