• Monday, 14 July 2025

СДСМ: Оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за трагедијата во Кочани

СДСМ: Оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за трагедијата во Кочани

Скопје, 13 јуни 2025 

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден.  

Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“.

Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја прикријат одговорноста. 

Тие бранеа и криеја свои функционери, лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца. 

Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе оставка и да следи кривична одговорност. 

Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина.

Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината. 

Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има.
 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива