• Thursday, 29 August 2024

Реакција на Здружение на граѓани "Хуманост" на соопштение на Левица

Реакција на Здружение на граѓани

Скопје, 28 август 2024

Здружението на граѓани "Хуманост" кое се залага за грижа и инклузија на лицата со попреченост ја поздравува заложбата на општина Ѓорче Петров за изградба на Социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

За жал во оваа прилика како Здружение наместо да се радуваме за овој проект, ние мора да испратиме апел и критики до Политичката партија Левица.

Имено сведоци сме како неколку денови во јавноста оваа политичка партија пробува политички да поентира на еден ваков проект.

Ова е срамно, безобразно, нечовечно и нехумано однесување. Апелираме веднаш да престанат политичките игри на Политичката партија Левица. Лицата со попреченост не смее да бидат предмет на евтини политички игри.

Бараме извинување од Политичката партија Левица за постапките на нивните Членови во советот на општина Ѓорче Петров кои деструктивно шират паника за овој проект. Очекуваме нивна реакција и помош во реализација на овој проект кои е од големо значање за нас.

Да ја тргнеме политиката на страна кога станува збор за проекти од ваков карактер. 

Здружение на граѓани "Хуманост"

___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Здружение на граѓани "Хуманост" ФБ