• Thursday, 26 September 2024

Рама смета дека е време да се формира Бекташка држава, ЕУ не ја коментира идејата

Рама смета дека е време да се формира Бекташка држава, ЕУ не ја коментира идејата

 
Тирана, 25 септември 2024 (МИА) - Албанскиот премиер  Еди Рама, како одговор на лавината реакции во земјата, околу идејата за создавање на Бекташка држава, во Тирана, по примерот на Ватикан, рече дека ги „преминале границите на сите очекувани фантазии и злонамери“.
-Навикнат сум да читам и слушам изненадувања по секоја нова идеја или проект за промена што сум ја изразил или презентирал во сите овие години, но овој пат изненадувањата се кажани или напишани по изразувањето на идејата за создавање суверен ентитет на Редот на Бекташи, во рамките на периметарот на имотот на Светскиот Висок суд во Тирана, ги надмина границите на сите очекувани фантазии и пакости, стои во неговата реакција на социјалната мрежа Х.

Додава дека единственото нешто што не слушнал да го кажат жестоките противници на оваа идеја е „историјата и улогата на Бекташите во судбините на нашата нација и држава“.

-Дојде време оваа идеја да се спроведе. Потребата од овој чекор не само што е во целосна хармонија со нашиот национален интерес, туку е и во служба на неопходноста од нашето континуирано инвестирање за зачувување и збогатување на непроценливото богатство на верската толеранција и хармонија, пишува тој.
Претходно, во Њујорк, на средба со претставници на албански друштва во САД, изјавил дека за создавањето на суверениот бекташки ред ќе бидат разгледани сите законски аспекти, додавајќи дека „ќе има процес, ќе се разговара за работите, ќе се разгледаат сите законодавни аспекти и потоа на крајот верувам дека разумот ќе надвладее“.
 
-Во оваа нешто има само добри работи, во оваа работа не гледам ништо што можеш да кажеш „не, ова туку ова“. Да не зборуваме за другите придобивки што ги носи на Албанија и многу, многу работи од гледна точка на интерес, атракција итн. Но, да не зборуваме за тоа. Зборувам само за нашиот национален интерес и нашето национално историско и културно наследство. Јас така гледам, нагласил Рама, јави АТА.
На барање на медиумите делегацијата на ЕУ во Тирана, во изјавата наведува дека немаат надлежност да регулираат верски прашања.
-Во оваа фаза немаме коментари. Слободата на мислата, совеста и религијата е содржана во член 10 од Повелбата за основните права на ЕУ. Генерално, ЕУ ја поддржува меѓурелигиската толеранција и дијалог. ЕУ нема надлежност да ги регулира верските прашања, наведува делегацијата, објави Ора њуз.
Попладнево реагираше и лидерот Демократска партија - Евро-атлански демократи, Љуљзим Баша, наведувајќи дека „албанските Бекташи пролеале крв за црвено-црното знаме и дале извонреден придонес за националната ренесанса и независноста на Албанија и затоа не им треба друга држава“. Според него Рама го користи „овој потсмев за да го оттргне вниманието од главните проблеми со кои се соочуваат Албанците“. вт/