• Thursday, 29 August 2024

Приведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

Приведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - На локалниот пат село Велешта кон село Октиси вчера во 17.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од село Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/ев/

Фото: МИА архива