• Friday, 27 September 2024

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР одржа билатерални средби со неговите колеги од Италија, Канада и Црна Гора

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР одржа билатерални средби со неговите колеги од Италија, Канада и Црна Гора

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев вчера се сретна со шефовите на полициите на Италија, Канада и Црна Гора, во рамки на неговиот последен работен ден на Конвенцијата на шефовите на полиции, што во организација на Европол и Унгарското претседателство на ЕУ се одржа во Хаг, Холандија.

Како што соопштија од МВР, на средбите покрај анализата на досегашното ниво на соработка како во склоп на мултилатералните полициски ангажмани така и на билатерално рамниште, беа разгледувани и потенцијалите за интензивирање и продлабочување на соработката.

-Особено во контекст на исклучително актуелните подрачја на полициско делување како што се борбата против организираните криминални групи, активни во регионот, но и на меѓународно ниво; исто така, околу организациско-техничката надградба и унапредување на капацитетите на нашата полиција во насока на поефикасно и поквалитетно функционирање што би значело и подобрување на безбедноста на граѓаните, додаваат од МВР.

Како што потенцираат од МВР, како тема на средбите беше и иницијативата за модернизација на полициското работење, односно дигитализација на одредени оперативни процеси (воспоставување на нови системи за управување со случаи и управување со документи) и воведување на иновативни методи за справување со растечките предизвици од сериозниот и организиран криминал.бт/дма/

Фото: МВР

You May Also Like