Пораз од Ирска на македонските млади кошаркари
- Машката младинска македонска кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство од дивизијата „Б“ (М20) откако денеска загуби во второто коло во групата „А“ репрезентацијата на Ирска со 69:56
- Post By Спорт Инфо
- 16:09, 11 July, 2026
Братислава, 11.јули 2026 (МИА) – Машката младинска македонска кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство од дивизијата „Б“ откако денеска загуби во второто коло во групата „А“ репрезентацијата на Ирска со 69:56. По вчерашниот триумф над Словачка, избраниците на селекторот Никола Велев не успеаја да го задржат победничкиот ритам. По солидното прво полувреме, следуваше пад во играта во третата четвртина, период кој се покажа како пресуден за конечниот исход.
Ирската селекција уште од самиот почеток го наметна својот ритам и во првата четвртина создаде предност од седум поени (20:13), а во 16. минута, Македонија се доближи на само еден поен (25:26), враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. Сепак, во финишот на првото полувреме Ирска повторно успеа да се одвои и на големата пауза замина со предност од 31:27.
Наместо продолжение на добрата игра, следуваше најслабата фаза на македонската селекција. Во првите осум минути од третата четвртина, Ирска направи серија од 12:2 и ја зголеми разликата на 43:29.
До крајот резултатот не се промени, што значеше и прв триумф за Ирска на шампионатот, а прв пораз за Македонија во групата „А“.
Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски натпреварот го заврши со 17 поени и четири скока, додека Марко Луканоски со 12 поени и шест скока. Утре македонскиот национален тим е слободен, а потоа следува слободен ден на првенството. Следниот натпревар македонските кошаркари го играат во вторник на 14.јули против Шведска. Натпреварот може да има големо значење за пласман во следната фаза. мн/
Фото: Фејсбук МКФ