• Thursday, 29 August 2024

Папата Франциск ќе ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур

Папата Франциск ќе ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур

Рим, 29 август 2024 (МИА) - Папата Франциск од 2 до 13 септември ќе посети четири островски земји од Југоисточна Азија, со цел да се поттикне глобалната акција за климатските промени.

Во текот на 12 дена, тој ќе помине речиси 33.000 километри за да ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур.

Тоа е најдолгото патување досега за врховниот поглавар на Католичката црква, кој за движење користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот. рп/

Фото: ЕПА