• Saturday, 31 August 2024

Од утре претежно стабилно, температурите повисоки за околу три степени

Од утре претежно стабилно, температурите повисоки за околу три степени

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.

Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. мч/сст/

фото: МИА архива